Лавот е најопасен во финишот – Адеми ги дава клучните голови за нова титула на Динамо (Видео)

Капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми повторно постигна златен гол за шампионот на Хрватска, денеска против Горица за победа од 1:0 и може да биде клучен човек за одбрана на титулата.

Адеми одлично се исфрли во нападот и од втор обид, откако ја погоди стативата ја уфрли одбиената топка во мрежата на Горица во 86. минута.

Голот на Адеми можете да го погледнете ОВДЕ.

Интересно е што во истата 86. минута македонскиот репрезентативец пред две кола со победнички гол му донесе три бода на Динамо во дербито со Риека.

Денеска со него во тимот беше и Стефан Ристовски, а кај Горица на клупата за резерви остана Влатко Стојановски.

Динамо има 69 бода на четири кола до крајот на првенството, но има и две дербија за играње, против Осиек и Хајдук.

Осиек е втор со 64 бода, а Хајдук е последниот кандидат за титулата со 63 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести