За ракомет се скромни, но барем се атрактивни – Капуера-одбрана на уругвајскиот голман на Мундијалот (Видео)

Голманот на Уругвај, Фелипе Гонзалес, имаше интересна одбрана против Зеленортските Острови на ракометниот Мундијал, а позата што ја направи при успешната интервенција потсетува на познатата боречка вештина Капуера.

Одбраната на Гонзалес ќе конкурира за најефектна во првото коло на Светското првенство, но не им помогна многу на Уругвајците кои се поразени на стартот со 33:25 од африканската селекција.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести