Карачиќ: Сѐ ме потсетува на 2017 година

Македонскиот ракометен првак Вардар е во Келн. „Црвено-црните“ ги прават последните подготовки пред утрешното полуфинале од Лигата на шампионите против Барселона. Вардарци знаат како е да се биде дел од фајнфор-завршница бидејќи ова е трета сезона по ред да се меѓу најдобрите четири и да се борат за трофејот.

Во 2017 година, Вардар направи чудо и се искачи на европскиот трон откако најпрво во полуфиналето ја победија Барселона, а потоа во финалето падна и Пари Сен Жермен. Минатата сезона нашиот првак загуби во полуфиналето од Монпелје, кој викендов ќе го предаде приматот за најдобар тим на континентот.

Еден од оние кои беше дел од Вардар и во претходните две фајнлфор-турнири е Игор Карачиќ. Хрватот верува дека може да се случи чудо како пред две години.

„Сето ова ме потсетува на 2017 година. Дојдовме во Келн без притисок, сакаме на сите да им ги замрсиме сметките. Тоа ни успеа пред две години. Лани дојдовме освојувачки и имавме премногу притисок. Се радувам на овој Ф4. Немаме што да загубиме. Играме против Барселона, според мене, против најдобриот тим не само во Европа туку и во светот. Сепак, годинава Вардар покажа дека има карактер и срце и дека се враќа од тешки ситуации. Ќе дадеме сè од себе за да ја совладаме Барселона. Ова ни е трета година, а знаеме дека е поголемо искуството. Секој има 25 проценти шанса за титулата. Ќе дадеме сè од себе за да дојдеме до успех”, изјави Карачиќ.

Капитенот Стојанче Стоилов вели дека Барселона е фаворит, но дека нема предавање.

„Третпат по ред сме тука. Не сме фаворити туку играме против најголемиот фаворит на годинешниот Ф4, Барселона. Овој тим имаше одлична сезона. Сепак, тука во Келн годинава сите имаат свои шанси. Се работи за еден натпревар, никој не може да знае како ќе отвориме и сè може да се случи на терен, вели капитенот Стоилов.

 

- Оглас -

Најнови вести