Карагер: Без разлика на успесите на останатите, Манчестер јунајтед и Ливерпул се најголеми тимови во Англија

Челзи и Манчестер сити со големите финансии во последните две декади коишто ги имаат зад себе се вметнаа во листата на англиските великани.

Челзи под Роман Абрамович од просечен стана еден од најпознатите англиски тимови, освојувајќи две титули во Лигата на шампионите, но според Џејми Карагер, има само два тима коишто се најдобри во Англија.

„Без разлика на успесите на Челзи, тој клуб нема никогаш да биде голем како Манчестер јунајтед или Ливерпул.

Пред доаѓањето на Абрамович, Челзи беше обичен, просечен клуб, додека Манчестер и Ливерпул имаат голема историја, а тоа не може да се спореди со ниту една пара, трансфер или што било друго.

Тоа важи и за останатите англиски клубови коишто со пари пробуваат да направат успех“, изјави легендата на Ливерпул.

Карагер во моментов работи како коментатор за „Скај спорт“.

- Оглас -

Најнови вести