Карагер ги „пецна“ навивачите на Манчестер јунајтед: Ни со Роналдо нема да освоите титула

Џејми Карагер кој има култен статус меѓу навивачите на Ливерпул даде интересна изјава за доаѓањето на Кристијано Роналдо, во големиот ривал, Манчестер јунајтед. Дефанзивецот на „црвените“ од Енфилд, во едно од своите коментаторски излагања за Скај Спорт, го кажа своето мислење за овој трансфер.

„Доаѓањето на Роналдо е подобро за Премиер лигата, отколку за самиот Манчестер. Мислам дека на Солскјер ќе му се создадат ист број на проблеми, како и претходно, играат премногу индивидуално, а им фали колективноста. Затоа мислам дека јунајтед нема да освои никаква титула во оваа сезона“ изјави Карагер.

- Оглас -

Најнови вести