Карагер и Невил едногласни: „Немаше пенал за Англија, ова е срамота“

Англија ја победи Холандија со 2-1 во полуфиналето на Европското првенство откако Симонс со фантастичен гол го отвори резултатот во седмата минута, но Хари Кејн врати од пенал во 18-тата минута.

Токму пеналот над Кејн предизвика многу полемики. Фудбалерот на Баерн шутна и не погоди, а дури потоа следуваше контактот со Дамфрис. За многумина ова не е пенал, а така мислат и двете англиски легенди, Џејми Карагер и Гери Невил.

„Ова никогаш не е пенал“, напиша Карагер на социјалните мрежи. Со него се согласува и Гери Невил: „Апсолутна срамота, како дефанзивец морам ова да го кажам“.

- Оглас -

Најнови вести