Карагер и Невил се хит на Твитер: Му честиташе роденден на ривалот со слика од Кристијан Голубовиќ (фото)
Легендите на Ливерпул и Манчестер јунајтед редовно се „пецкаат“ на „Твитер“, овојпат Карагер со објавата е победник на денот.

Џејми Карагер е победник на денот со објавата на „Твитер“ во која му го честита 46-тиот роденден на својот колега од „Скај спортс“, Гери Невил.
Карагер објави фотографија од Кристијан Голубовиќ, лошото момче од 90-тите години во Белград кој денес е ријалити-шоу ѕвезда, со натпис „Среќен роденден, Гери Невил“, алудирајќи на тоа дека Невил си личи со озлогласениот Голубовиќ.
Двете икони на Ливепрул и Манчестер јунајтед редовно се „пецкаат“ на социјалните мрежи на ваков начин, но овојпат Карагер ја доби комичната „битка“.
Happy birthday @GNev2 🎂 pic.twitter.com/kIJXruyqlH
— Jamie Carragher (@Carra23) February 18, 2021