Карагер најдобро објасни зошто Ливерпул нема да биде првак

Некогашниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер, по ремито од 2-2 меѓу Челзи и Ливерпул даде свое мислење зошто Црвените нема да ја освојат титулата во Премиер лигата.

„Ливерпул поведуваше на своите мечеви 17 пати сезонава, исто како и Манчестер сити. Но Сити ги доби сите тие мечеви, а Ливерпул само 12. Тоа е разликата која го спречува тимот да биде на прво место. И уште нешто, Ливерпул нема контрола над играта, тоа го видовме против Челзи. Од последните пет пати кога водеа, само еднаш победија. Тоа скапо ќе ги чини“, рече Карагер.

 

- Оглас -

Најнови вести