Кардиф без антидот за „стршлените“, Вест хем го доби малото градско дерби

Ватфорд со убедливи 5-1 го потопи тимот на Кардиф во мечот од 27-то коло во Премиер лигата. Блескавата игра на Делофеу му обезбеди на Ватфорд да оствари двојна победа над екипата од Велс сезонава, откако претходно на домашен терен тирумфираа со 3-2 против „сините птици“.

Шпанскиот крилен офанзивец ја отвори средбат во 18-тата минута, а хет-трикот го реализираше од 61-та до 63-тата минута. Капитенот Дини vo 73-тата минута погоди за 4-0 пред Бамба да постигне почесен гол за домаќините, а во првата минута од судиското надополнување „стршлените“ стигнаа и до петти погодок на мечот, одново прецизен беше Дини.

Вест хем на домашен терен славеше против Фулам со сигурни 3-1 и го доби малото лондонско дерби. „Чеканите“ западнаа во проблеми по само три минути игра, Бабел донесе предност за екипата која ја води Клаудио Раниери.

Сепак, домаќините уште во првиот дел го свртеа резултатот во своја корист, со головите од прекин на Чичарито и Диоп, додека конечнот резултат го постави Антонио во 91-та минута.

- Оглас -

Најнови вести