Кари е шутерска машина: за пет минути погоди 105 тројки по ред без утка (Видео)

Најдобриот шутер во НБА лигата, Стеф Кари, на тренинг погоди 105 тројки по ред, и сето тоа беше снимено и објавено на Твотер профилот на Голден Стејт вориорс.

„Ова е просто неверојатно. Претходниот рекод му беа 77 тројки по ред. Ова постигнување е за книгата на рекордите на Гинис“ – изјави тренерот на Вориорс, Стив Кер.

Кари погодуваше тројки од аголот на теренот без да утне, нешто повеќе от пет минути. На тимот не му цветаат розите, Кари е осамен, бидејќи Клеј Томпсон е потешко повреден, додека Дрејмонд Грин чека дозвола да почне да игра. Стеф барем на тренинзи покажува дека и понатаму е машина за погодување тројки.

Погледнете ја мајсторијата на Кари:

- Оглас -

Најнови вести