Кари го имитираше Дончиќ и со асистенција на кариерата му помогна на „братот“ Томпсон да постави рекорд (Видео)

Голден стејт вориорс со одлична игра во последната четвртина, дојде до победа над Њу Орлеанс пеликанс од 120-109, а најзаслужни за триумфот беа „браќата“ Стеф Кари и Клеј Томпсон.

Кари уфрли 39 поени, а имаше и осум асистенции, од кои едната веројатно најубава во неговата кариера, и малку потсетуваше на онаа неверојатната на Лука Дончиќ од една вечер претходно. Томпсон ова лудо и прецизно додавање го круниса со тројка. Томпсон заврши со 17 поени, но постави личен рекорд по бројот на тројки во една сезона. Сега ги имаа 277 и на добар пат е до крајот на сезонава да стигне и до 300.

Ова е асистенцијата на Кари, која ја круниса Томпсон со тројка:

- Оглас -

Најнови вести