Кари го шпионираше Рондо, но не ја разбра тактиката на Лејкерс (Видео)

Стефан Кари се обиде на интересен начин да ја шпионира тактиката на Лос Анџелесј лејкерс, се прикраде кришум да ги слушне советите на Реџон Рондо до Лонзо Бол, но на крајот шпионажата беше без ефект. Шоумените од Лос Анџелес го декласираа шампионот со разлика од високи 26 поени, а Кари ја копираше тактиката на Рондо.

Бекот на Лос Анџелес лејкерс се најде во иста ситуација, но како играч на Бостон селтикс во 2011 година, кога се обиде да учествува во тајмаутот на Кливленд кавалирс. Но, тогаш токму неговиот сегашен соиграч Леброн Џејмс го забележа и го избрка.

Ноќеска имаше и некаква симболика во целиот заплет бидејќи Џејмс се повреди во третиот период кај Лејкерс, па Рондо стапи на сцена и беше вистински лидер на младиот тим од Лос Анџелес. Како резерва, Реџон постигна 15 поени и имаше 10 асистенции и 5 скока за 23 минути игра, со што имаше големо влијание на победата на гостите против актуелниот првак со 127:101.

- Оглас -

Најнови вести