Кари или Дончиќ, кој ќе даде повеќе поени во меѓусебниот дуел?

Детриот е најслаб тим во досегашниот дел од НБА-лигата и има само пет победи во 22 меча. И Њујорк не е многу подобар, па тимот кој има само една победа во последните пет меча, има девет победи во 20 средби сезонава.

Сепак, кога се работи за дуели на овие два тима, Њујорк е во одлична низа и има дури седум победи по ред против Детроит, односно 10 триумфи во последните 11 меѓусебни средби. Токму затоа Њујорк и сега е во улога на фаворит и треба да се радува на крајот.

Дербито на вечерта е меѓу Далас и Голден стејт, а двата тима во различна атмосфера влегуваат во овој дуел. Далас има пет порази во последните шест меча, додека Воините се со пет победи од последните шест натпревари.

Ако се знае какви шутери има во двата тима, ова треба да биде шоу и натпревар во тоа кој ќе погоди повеќе, дали Лука Дончиќ или Стеф Кари. Границата за поени „плус-минус“ на Дончиќ е на 32,5 поени, додека Кари е на лимит од 27,5 поени.

Во понудата за тоа колку поени ќе постигнат кошаркарите кои вечерва ќе играат во НБА-лигата има вкупно 14-мина играчи.

- Оглас -

Најнови вести