Кари ја имаше најлошата акција во кариерата: Прво падна, па направи „бунар“ (Видео)

Стеф Кари многупати ги израдувал навивачите на Голден стејт и давал поени за шампионски трофеи на „воините“. Сепак, дека и играч како Кари може да има лош момент се покажа на дуелот против Лос Анџелес лејкерс.

Голден стејт убедливо победи, а Кари во една акција на два пати успеа да се посрамоти. Тој тргна во контранапад и непречен од никого се обиде да ја забие топката во обрачот. Сепак, наместо лесни поени, Кари се лизна и падна. Топката сепак остана во неговите раце и се обиде со неговото најсилно оружје, а тоа е ударот за три поени, да ја поправи работата. Но, наместо поени, Кари овојпат направи „бунар“.

https://twitter.com/twitter/statuses/1087591004943859712

- Оглас -

Најнови вести