Кари одигра спектакуларен меч: Постигна 60 поени и го достигна Коби Брајант (Видео)

Најголемата ѕвезда во Голден Стејт вориорс вориорс, Стеф Кари одигра фантастинеч меч, но неговиот тим беше поразен од Атланта хоукс со 141:134, во меч на кој победникот мораше да биде решен во дополнителните пет минути.

Кари постигна 60 поени, што беше доволно да израмни еден рекорд кој во НБА го имаше постигнато само Коби Брајант. Легендарниот Коби досега беше единствен играч во историјата кој имаше постигнато 60+ поени, а бил постар од 35 години, а сега Кари застана рамо до рамо со Брајант во оваа статистичка ставка.

Рекордот по број на поени на Кари на еден меч е 62 и тоа го постигна на 3 јануари 2021 година против Портланд. Тој стана и само третиот играч во историјата кој дал 60+ поени во меч на кој погодил барем 10 тројки. Претходно ова два пати му успевало на Дајмонд Лилард и еднаш на Карл-Ентони Таунс.

Јанис Адетокумбо го доби дуелот против Лука Дончиќ откако Милвоки на гости кај Далас славеше со 129:117. Грчкиот центар беше незадржлив и постигна 48 поени, а имаше и 10 асистенции и шест скока. Одличен беше и Лилард со 30 поени. Кај Далас, Дончиќ стигна до 40 поени, 11 скока и девет асистенции, а единствен расположен во тимот кој можеше да го следи Словенецот беше Клебер со 21 поени.

Резултати во мечевите одиграни ноќеска: Филаделфија – Бруклин 121:136, Атланта – Голден Стејт 141:134 (по продолжение), Чикаго – Сакраменто 115:123, Далас – Милвоки 117:129, Њујорк – ЛА Лејкерс 105:113, Сан Антонио – Кливленд 101:117.

- Оглас -

Најнови вести