Кари постави рекорд во НБА кој уште долго време ќе сонуваат да го стигнат

Ако во НБА постои дилема дали Мајкл Џордан, Коби Брајант, Леброн Џејмс или некој друг е најдобар кошаркар на сите времиња, тогаш околу прашањето за најдобар шутер нема никакви дилеми. Стеф Кари е најдобриот шутер на сите времиња, а тоа уште еднаш го докажа и на последниот меч.

На дуелот против Лос Анџелес клиперс, Кари постигна 50 поени, а на овој меч постави и еден неверојатен рекорд. Кари постигна осум тројки и на тој начин стигна до 3.339 погодени тројки во кариерата. Тоа значи дека само со шутеви за три поени, ѕвездата на Голден стејт стигна до бројката од 10.017 поени.

Многу кошаркари во НБА сонуваат да стигнат до бројката од 10.000 поени, а Кари тоа го направи само со шутеви за три поени. Зад Кари, на оваа листа на најмногу дадени поени од тројки е Реј Ален со 8.919 поени, а него може да го престигне Џејмс Харден, кој досега има постигнато 8.226 поени со удари зад линијата за три поени.

За да стигне до 10.000 поени со тројки, Харден мора да даде уште 592 тројки, што значи дека на врвно ниво мора да игра уште неколку сезони, а тоа е малку веројатно. Тоа само потврдува дека рекордот на Кари уште долго време ќе биде недостижен за сите останати кошаркари.

- Оглас -

Најнови вести