Кари постигна рекорд што никој не може да го урне, Голден стејт на победа од конференциско финале (ФОТО)

Стеф Кари стана првиот кошаркар во историјата на НБА-лигата кој што успеал да реализира 500 упатени удари за три поени во плејофот.

Кошаркарот на Голден стејт ворирорс до овој учинок дојде на средбата против Мемфис Гризлис во победата на неговиот тим од 101:98, со што дојдоа до една победа од пласман во финалето на Западната конференција.

Кари постигна 32 поени, а неговиот тим со пресврт во последната четвртина дојде до победата откако пред стартот на последните 12 минути имаше негатива од седум поени.

На Истокот, пак, е многу поинтересно, каде што актуелниот првак, Милвоки бакс и Бостон селтикс, играат 2:2 откако „Селтикси“ славеа на гостувањето со 108:116.

Џејсон Татум ја презеде одговорноста по претпоследниот меч, каде што имаше лош учинок, па на оваа средба постигна 30, додека на спротивната страна Јанис Адетокумбо даде 34 поени и имаше 18 скокови.

Интересно е што Бостон губеше во најголемиот дел од првите три четвртини, а последната, што ја доби со 28:43, значеше и израмнување на серијата.

НБА

Милвоки бакс – Бостон селтикс 108:116

Голден стејт ворирорс – Мемфис гризлис 101:98

- Оглас -

Најнови вести