Кари се враќа на паркетот во дуелот против шампионот?

Стеф Кари, ѕвездата на Голден стејт вориорс, би можело да заигра во дуелот против шампионот Торонто репторс ноќта меѓу четврток и петок. Трикратниот НБА шампион е надвор од активности од октомври минатата година, кога се здоби со скршеница на десната рака.

Во следните два месеци Кари двапати беше на операција и по долго закрепнување, конечно е подготвен да се врати на паркетот. Во изминатиов период Кари тренираше со развојниот тим на Вориорс, Санта Круз, а тренерот Стив Кер изјави дека до крајот на овој ден ќе донесе одлука дали ќе го пушти Стеф да игра против актуелниот бранител на тронот.

„Слушнав дека тренинзите со развојниот тим ги помина одлично, важно беше да се види колку Стеф може да го издржи физичкиот напор. Уште не сум разговарал со него, но медицинскиот тим ми потврди дека сè е во ред, па би можел да биде во комбинација за дуелот со Торонто“, истакна Кер.

Без Кари, како и без повредениот Томпсон, Воините оваа сезона го имаат најслабиот учинок во НБА-лигата со 13 победи и 48 порази.

- Оглас -

Најнови вести