Кари утна тројка, и салата во Сакраменто се тресеше како во времето на Дивац и Стојаковиќ (Видео)

Сакраменто кингс со победа над Голден Стејт вориорс од 126-123, после 17 години се врати во НБА плејофот, и предизвика еуфорија кај своите навивачи во главниот град на Калифорнија.

Кралевите беа предводени од Деарон Фокс кој уфрли 38, и Малик Монк со 32 поени, а и за двајцата ова беше прв плејоф меч во нивните кариери. Гостите во последната секунда имаа шанса да изедначат, но обидот на Стеф Кари за тројка беше непрецизен, па бекот остана на 30 поени.

Предност од 1-0 има и Њујорк никс, кој со 101-97 победи на гостувањето кај Кливленд кавалирс. Никс е единствен тим кој направи „брејк“ во првиот меч и извојува гостинска победа. Дома славеа Бостон проти Атланта со 112-99 и Филаделфија против Бруклин.

Ова е утката на Кари која значеше победа за Кингс:

- Оглас -

Најнови вести