Кариерата на Синер пред колапс: ВАДА бара две години суспензија за светскиот рекет број 1

Јаник Синер не дозволи изненадување и се пласираше во четвртфиналето на мастерс турнирот во Пекинг, откако со 2:1 во сетови го победи Роман Сафиулин. И додека италијанскиот тенисер е фокусиран на настапите во Кина, шокантна вест за него пристигна од Светската антидопинг агенција (ВАДА).

Со последната одлука ВАДА побара Синер да добие две години суспензија откако тенисерот неодамна два пати беше позитивен на допинг тестот. Првично Синер беше ослободен од обвиненијата и независниот суд го прогласи за невин. Сепак, сега ВАДА поднесе жалба на оваа одлука и тоа во Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана.

Доколку жалбата биде прифатена, многу лесно може да се случи Синер да добие две години забрана за играње тенис, што секако ќе биде огромен удар за тенисерот кој е број 1 на АТП листата.

Допинг скандалот на Синер беше откриен во август, но на Италијанецот му беше дозволено да настапи на САД Опен, каде на крајот стигна и до трофејот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести