Карим Бензема е навивач број 1 на Алжир

Еден од најголемите познати спортски поддржувачи на фудбалската репрезентација на Алжир е Карим Бензема. Французинот има алжирско потекло, неговите родители се од таа земја, па Карим често на социјалните мрежи споделува фотографии со поддршка за тимот кој утре против Сенегал ќе игра финале на Африканскиот куп на нациите.

Бензема е во Монтреал на подготовки со својот клуб Реал Мадрид, но оддалеченоста од 8.706 километри од Каиро, каде што ќе се игра финалето, не е пречка за него да следи што се случува на африканското првенство и отворено да застане на страна на земјата на неговите предци.

На едната слика, која е фотомонтажа и цртана, Бензема е насмеан во алжирски дрес, а во скут му седи постарата ќерка Мелија. По победата на Алжир над Гвинеја од 3-0 во четврт-финалето, Французинот напиша: „Еден, два, три… Да живее Алжир“.

Бензема, кој никогаш не ја пееше француската химна „Марсељезата“, во минатото има изјавено дека негова татковина е Алжир, но од спортски мотиви играл за националниот тим на Франција. Кога Франција стана светски првак минатото лето, Бензема објави само една обична честитка.

- Оглас -

Најнови вести