Карло Анчелоти: Го чекаме Елмас во Димаро!

Екипата на Наполи е на висински подготовки во Димаро, место во областа Алто Адиџе, во близина на границите на Италија со Австрија и Швајцарија, а многу скоро на тренинзите треба да им се приклучи и македонскиот фудбалер Елиф Елмас. Ова го потврди и тренерот на Наполитанците, Карло Анчелоти.

„Многу сме блиску до моментот кога Елмас ќе дојде. Само некои мали детали фалат за официјализација на неговиот трансфер, но се надевам дека наскоро ќе дојде тука во Димаро“, изјави Анчелоти.

Елмас вчера преку социјалните мрежи се прости од неговиот досегашен клуб Фенербахче и се очекува уште денеска да потпише договор со Наполи.

- Оглас -

Најнови вести