Карло Анчелоти го искоментира дебито на Елмас во дресот на Наполи

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, по контролата на Наполитанците во која одиграа само 3-3 против Кремонезе, рече дека се видело замор кај играчите од тешките подготовки, а кажа и мислење за Елиф Елмас, кому му даде да игра повеќе од 20 минути.

„Бевме многу бавни, се гледа заморот од напорната работа за физичката подготовка“, рече Анчелоти.

Потоа Анчелоти го искоментира и дебито на македонскиот репрезентативец.

„Елиф е играч кој може да внесе квалитет во нашиот среден ред. Среќен сум за неговиот ентузијазам кој го покажува со доаѓањето во Италија. Тој е модерен играч за врска, кој може одлично да се вклопи во нашиот механизам. Задоволен сум што ни се придружи“, изјави Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести