Карло Анчелоти: “Имаме голем проблем …“

Реал Мадрид забележа рутинска победа од 2-0 над Селта и останува да се надева дека ќе може да ја стигне Барселона на лидерската позиција. Тренерот на “кралевите“ е задоволен од играта, но вели имаме проблем.

– „Имаме проблем со тревникот. Луѓето работаат на решавање на оваа ситуација и се надевам дека ќе пронајдат решение. Очигледно е дека тревникот влијае на нашата игра. Овој тревник редовно се менува, мислам дека повторно ќе го сменат. Поради работите кои се одвиваа на стадионор, тревникот комплетно пропадна. Мислам дека ќе имаме нов тревник пред натпреварот со Манчестер Сити.“

Анчелоти се осврна и на натпреварот против Селта Виго и вели дека е задоволен од победата.

– „Одигравме добар натпревар, многу ни помогна и поддршката на навивачите. Имаме фантастични играчи во нападот, но среќен сум дека на последните неколку натпревари не примивме гол.“

- Оглас -

Најнови вести