На селекторот не му се допаѓа неговото однесување: Младата ѕвезда на Барселона нема да игра на Мундијалот

Големо изненадување во шведската јавност предизвика одлуката Руни Барџи да не се најде на списокот на патници за Светско првенство, а шведските медиуми тврдат дека причините не се од фудбалска природа.

Според нивните наводи, селекторот Греам Потер го прецртал 20-годишниот фудбалер на Барселона поради неговото однесување.

Барџи беше дел од репрезентацијата уште во март, но тогаш не одигра ниту една минута, па побарал објаснување од стручниот штаб, кој му порачал дека станува збор исклучиво за техничка одлука.

Ситуацијата дополнително се искомплицирала за време на славеничката вечера откако Шведска обезбеди пласман на Светското првенство. Иако тимот славел голем успех, Барџи наводно бил лут и видно незадоволен.

Потер, како што се наведува, заклучил дека младиот офанзивец премногу мисли на себе и дека таквото однесување штети на атмосферата во екипата.

Селекторот смета дека заедништвото е поважно од индивидуалниот квалитет и токму поради тоа решил Барџи, и покрај неспорниот талент и потенцијал, да не патува на Мундијалот.

Оваа одлука претставува голем удар за младиот фудбалер, кој сезонава добиваше шанса во Барселона и беше гледан како важен дел од иднината на шведската репрезентација.

Во текот на сезоната запиша 28 настапи во сите натпреварувања за Барселона, со четири голови и две асистенции. Во каталонскиот клуб пристигна минатото лето од Копенхаген во трансфер вреден 2,5 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести