Карлос Алкараз го освои САД Опен и стана најмладиот тенисер на врвот на АТП листата (Видео)

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е освојувач на последниот Гренд слем турнир за 2022 година, Отвореното првенство на САД. Во финалето на теренот во Њујорк, Алкараз со 3:1 во сетови го победи Каспер Руд од Норвешка и тоа со 6:4, 2:6, 7:6, 6:3, во меч кој траеше три часа и 22 минути.

До првиот Гренд слем турнир во кариерата Алкараз стигна со само 19 годни и четири месеци, а овој успех му беше доволен да постави еден историски рекорд. Тој е најмладиот тенисер кој се искачин на врвот на АТП листата, надминувајќи го рекордот на Лејтон Хјуит кој беше на првото место на АТП со 20 години и девет месеци во 2001 година.

„Ова е нешто за што сум сонувал како дете. Да бидам број 1 во светот, да бидам шампион“, рече Алкараз по победата.

Младиот Шпанец на патот до финалето во Њујорк одигра три меча во кои играше по пет сета, меѓу кои беше и вториот најдолг натпревар во историјата на САД Опен. Алкараз е само вториот тенисер во историјата на Опен ерата, што како тинејџер може да се пофали дека играл финале на САД Опен, откако тоа пред него му успеало само на Пит Сампрас.

 

- Оглас -

Најнови вести