Карлос Вела на еден меч постави два МЛС-рекорди, рекорд и за Ибра

Со голот и двете асистенции кои ги имаше на дуелот кој Лос Анџелес ФК го доби со 4-2 против Њујорк ред булс, Карлос Вела испиша лична историја во кариерата.

Вела погоди од пенал за водство на неговиот тим од 3-2, и тоа беше негов 23-ти погодок сезонава, а 37-ми во МЛС-лигата, со што го надмина Ерик Кубо Торес, кој досега беше најефикасен Мексиканец во оваа лига.

Покрај тоа, со 38 голови и асистенции во една сезона Вела го стигна рекордот на Себастијан Џовинко од 2015 година, а на Вела му остануваат уште десет меча сезонава, па тој ќе ја постави новата граница на корисност за фудбалерите во иднина во МЛС-лигата. Освен тоа што ќе биде МВП на сезоната, Вела има шанса и да ја освои титулата бидејќи Лос Анџелес е најуспешен тим во МЛС по бројот на бодови.

Дербито во МЛС се играше во Вашингтон, каде што ДЦ јунајтед и без Вејн Руни успеа да го победи ЛА галакси на Златан Ибрахимовиќ со 2-1. Швеѓанецот се трудеше да го спаси својот тим од пораз, постави МЛС-рекорд од 14 шута кон противничкиот гол на еден меч.

- Оглас -

Најнови вести