Карлос Вела со рекорд во МЛС и гол со „ножички“ го стави Ибрахимовиќ во сенка (Видео)

Карлос Вела е фудбалерот кој е единствен што може да го стави Златан Ибрахимовиќ зад него во американското МЛС-првенство. Игра одлична сезона, а тоа го потврди и на последниот меч од регуларниот дел на МЛС. Вела постигна хет-трик во победата над Колорадо и потврди дека тој е играчот што ја одбележа сезоната.

До пред синоќешниот меч, Вела имаше постигнато 31 гол и беше на делба на рекордот кој го имаше Јозеф Мартинез од минатата сезона. Голгетерот на Лос Анџелес блесна во дуелот против Колорадо и само по 30-тина минути покажа зошто е во врвна форма.

Најпрво погоди за да го сруши рекордот во МЛС, а три минути подоцна даде прекрасен гол со „ножички“. До крајот на средбата комплетираше хет-трик и на крајот застана на 34 гола во сезоната. Златан Ибрахимовиќ синоќа даде еден гол и сезоната ја заврши со 30 погодоци. Швеѓанецот се надеваше дека тој ќе биде рекордерот по бројот на постигнати голови, но Вела го помина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести