Кармата е чудо, Мурињо и Фенер се уверија во тоа на потешкиот начин (Видео)

Бешикташ го победи Фенербахче со 1-0 во истанбулското дерби, по кое Фенер речиси е отпишан од трката за титулата во турската Суперлига, бидејќи сега тимот на Жозе Мурињо има 8 бодови помалку од Галатасарај на четири кола до крајот.

Бешикташ се покажува како „убиец на фаворити“, тимот на Оле Гунар Солскјер неодамна го совлада и Галарасарај што е единствен пораз сезонава за првакот.

Најинтересните моменти се случуваа во последните 10 минути од првото полувреме. Во 36-та минута Жедсон Фернандес не реализираше пенал, а Португалецот пред да шутне беше попречуван од фановите на Фенер кои му светеа во очите со ласери.

Сепак, осум минути подоцна, во 44-та минута кармата го стигна тимот од азискиот дел на Истанбул. Фудбалер на Канаринците направи катастрофална грешка, имаа недоразбирање со голманот, а тоа го искористи Жедсон кој даде гол, кој подоцна се покажа дека е единствен и решавачки на дербито.

 

- Оглас -

Најнови вести