Кармата е кучка, го навредуваа него и жена му, а ги закопа во 98-ма минута (Видео)

Фелипе Каиседо е главната ѕвезда на вечерта во фудбалска Европа откако и по трет пат на последните четири меча даде гол за победа на Лацио по 90-тата минута, и тоа како резерва, влегувајќи во игра во финишот.

Вечерашниот гол со кој му донесе три бода на римскиот тим, Каиседо им се одмазди на фановите на Калјари кои го навредуваа него и неговата сопруга. Ваков болен пораз во Калјари не ни сонуваа дека може да им се случи бидејќи водеа до 93-тата минута. Но Каиседо, како и против Сасусоло и Јувентус, погоди и го држи Лацио многу блиску зад Интер и Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести