Кармата е кучка, Хамилтон првата титула ја освои со спорно претекнување во последен круг (Видео)

Кога е Луис Хамилтон во прашање, драматичните завршници на Формула 1 шампионати не се ништо ново, но овојпат среќата му се сврте грбот, за разлика од пред 13 години.

Во 2008 година на трката во Бразил, Фелипе Маса од Ферари требаше да ја освои титулата, почнаа и да прославуваат, но на последната кривина Хамилтон го претекна Тимо Глок и тоа значеше петто место за Британецот, доволно за прва титула.

Глок со години се оправдува за „пропуштањето“ на Хамилтон, но никој не му верува дека случајно ја загуби позицијата со која ќе спречеше титула за Хамилтон. Денеска, несреќни 13 години после таа случка, Хамилтон пак во последната трка се борепе за титула, а овојпат ја загуби, откако беше претркан во последниот круг.

Потсетување на големиот пресврт од 2008 година:

- Оглас -

Најнови вести