Кармело Ентони и Двејн Вејд водеа интересен разговор преку „Инстаграм лајв“, двајцата беа членови на генерацијата која во 2003 влезе во НБА лигата, кога прв пик беше чудото од дете Леброн Џејмс, а втор Дарко Миличиќ, како една од најголемите утки во историјата. Кармело беше трети пик.
Во разговорот на Вејд и Кармело, Вејд го спомна Дарко, а Ентони зачудено праша: Кој?
Вејд му објасни дека станува збор за кошаркарот кој беше избран пред него на драфтот во 2003 година, по што Ентони се насмеа и се вадеше дека телефонот се блокирал и наводно не го слушнал добро Вејд што му кажал.
https://twitter.com/i/status/1243686196582236161