Карпа човек е Новак Ѓоковиќ – Со повик го израдува Петар од Македонија (Видео)

Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека е човек со огромно срце и голем спортсмен, а со повик преку социјалните мрежи го изненади својот голем навивач од Македонија, Петар Мијалков од Штип.

Момчето кое има аутизам е голем навивач на Ѓоковиќ, а српскиот и најдобар светски тенисер и неколкупати претходно го радуваше Петар на свој оригинален начин.

Сега и му се јави, а насмевката на 17-годишниот Петар откако во живо го слушна својот идол, вреди повеќе од сè. И помалиот брат на Петар, Никола, е голем симпатизер на најдобриот светски тенисер.

https://twitter.com/Zoran_Mijalkov/status/1323695225248821249?s=20

- Оглас -

Најнови вести