Карвина најде македонски лек за неефикасниот напад – Кире Марковски ќе игра за чешкиот прволигаш

Кире Марковски ќе игра за чешкиот клуб Карвина и ќе има задача да внесе свежина во офанзивниот дел на еден од најнеефикасните напади во популарната „Фортуна лига“.

Нашиот потенцијален А репрезентативец и член на златната генерација младинци што настапи на историското Европско првенство во Полска пред три години сега ќе игра за клубот што бие битка за опстанок во Чешка.

Марковски пристигна како слободен играч откако му заврши договорот со АЕЛ Лимасол, а кипарскиот клуб во последниот дел од договорот го позајми во Спартак Трнава.

„Верувам дека донесов правилна одлука. Чешкото првенство е многу квалитетно, а според првичниот впечаток, Карвина е стабилен клуб“, изјави Марковски при промоцијата.

Чесите планираат да продолжат со фудбал на 23 мај, а Марковски очекува деби за Карвина на 27 мај на гости против Опава. Карвина е четвртиот најнеефикасен клуб во Првата лига само со 20 постигнати голови на 24 меча.

Новиот клуб на нашиот интернационалец се наоѓа на 13-тото место во конкуренција на 16 екипи и ќе бие битка за опстанок во чешката елитна фудбалска лига.

- Оглас -

Најнови вести