Касано: Ибрахимовиќ е третиот најдобар голгетер во историјата

Некогашниот италијански фудбалски репрезентативец Антонио Касано, во разговор во живо со колегата Кристијан Виери на Инстаграм, изјави дека Златан Ибрахимовиќ е трети најдобар централен напаѓач во историјата.

Касано рече дека Аталанта би можела да биде изненадување во Серија А, иако некогаш делува дека немаат сили, за Џорџо Кјелини од Јувентус рече дека е играч кој може да ве повреди и да ве испрати во болница, но потоа искрено ќе ви се извини, и дека е одличен човек кој на терен не познава никого. Касано смета дека Интер може да биде многу посилен ако Ериксен игра како последен играч за врска во средниот ред, со Видал и Барела пред него.

Касано со Милан го освои Скудетото, а тогаш за Росонерите играше и Ибрахимовиќ, кој и сезонава е главен адут во борбата за титулата.

„После Бразилецот Роналдо и Марко Ван Бастен, Ибра е третиот најдобар центарфор во историјата. Најкомплетен е од сите што сум ги видел“ – рече Касано.

- Оглас -

Најнови вести