Касано: Леао не е Кака или Роналдињо, Милан и со него во тимот е послаб од Интер!

Поранешниот напаѓач на Интер и Милан, Антонио Касано, даде свое мислење за реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу ривалите од Милано и убеден е дека Нераѕурите ќе играат во финалето во Истанбул.

„Милан може да оди во финале само ако Интер игра со деца од јуниорскиот тим во составот. Сеедно е дали ќе игра Леао или не, нема голема разлика, Милан секако е инфериорен во однос на Интер. Португалецот не е на нивото на Кака или Роналдињо. За Интер би било катастрофа ако испадне, но со оглед на последните два меѓусебни дуела, не верувам дека ќе им даде шанса за Росонерите, а можеби и грешам“, рече Касано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести