Касано типува: Спалети ќе го победи Икарди

Антонио Касано типува дека Лучијано Спалети има поголеми шанси да остане во Интер, иако се најавува дека ќе си замине, отколку што има шанси капитенот Мауро Икарди да продолжи со „нераѕурите“.

„Интер игра во формација со еден напаѓач, па тука е многу полесно за Спалети. Икарди не може да игра во тандем со Лаутаро Мартинес и ако одлучува само Спалети без никаков притисок, тогаш Лаутаро ќе игра стандардно во првиот состав. Лучијано преферира фудбалери што играат за тимот. Икарди ако не даде гол, тогаш е неупотреблив за тимот“, вели Касано во интервју за популарната емисија „Тики-така“.

Икарди и Спалети имаат ненадоместливи разлики и конфликтот е веќе и јавен, иако капитенот се врати во првиот состав на „нераѕурите“.

 

- Оглас -

Најнови вести