Касано „удри“ по Јувентус: Две години немаат одиграно добар меч

Поранешниот италијански репрезентативец, Антонио Касано го критикуваше стилот на игра на Јувентус, кој беше елиминиран во полуфиналето од Лигата на Европа. Старата дама загуби од Севилја и оваа сезона остана без ниту еден трофеј.

„Шпанците заслужено се пласираа во финалето, затоа што одиграа многу добар меч. Знаеја што прават и како да го извлечат најдоброто во тешки ситуации. Тоа беше натпревар типичен за шпански клуб. Севилја беше подобар тим од почетокот до крајот. Јувентус имаше два контра напади, а кога дадоа гол, веднаш се повлекоа да се бранат. Тоа е типично за Јувентус, но оваа сезона нема да освојат ниту еден трофеј, што значи дека идеите на Алегри не се добри. Во последните две години, Јувентус нема одиграно ниту еден добар меч, па затоа сега се во аут и од Лигата на Европа“, коментираше Касано, кој во кариерата играше за Бари, Рома, Реал Мадрид, Сампдорија, Милан, Интер, Парма и Верона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести