Касапот од Барнли повторно брутално напаѓа (Фото)

Касапот од Барнли повторно нападна и повторно со брутален старт успеа да повреди противнички играч, а овојпат жртва е напаѓачот на Астон вила, Весли.

Бен Ми е еден од најгрубите играчи во Премиер лигата, а и вчера на дуелот со Вила покажа зошто не е баш омилен на терените во Англија.

Со брутален старт го повреди стрелецот на првиот гол за Вила, а контроверзниот судија Оливер воопшто и не му покажа ниту жолт картон. Сцената при повредата на бразилскиот напаѓач изгледаше стравично, но Ми мина неказнето.

Лани истиот играч на сличен начин го повреди и стоперот на Ливерпул и англиски репрезентативец Џо Гомес, а сега се бара строга казна за него.

 

- Оглас -

Најнови вести