„Касапот“ од Ѕвезда му ја скрши ногата, но српскиот првак реши да му помогне на играчот на Судова

Црвена ѕвезда ја елиминираше Судова во првото коло од квалификациите за Лигата на шампиони, но дуелот во Белград на кој домаќините победија со 2:0, остана запамтен по грубиот старт што го направи Марко Гобељиќ врз противничкиот играч Славицкас.

Фудбалерот на Судова заработи скршеница на ногата, а откако беше пренесен во болница, беше констатирано дека има двојна сршеница. Славицкас беше задржан на лекување во Белград, а во болница го посетија Митар Мркела, Звездан Терзиќ, како и фудбалерот Марко Гобељиќ, кој е виновен за скршеницата.

„Мило ми е што имав можност лично да се извинам за повредата која ја направив. Жал ми е за тоа што се случи и затоа многу ми значи тоа што имав можност да позборувам и лично да му се извинам на Славицкас“, изјави Гобељиќ.

Црвена ѕвезда реши да ги превземе сите трошоци за лекувањето на играчот на Судова, а и да обезбеди чартер лет за да го вратат повредениот играч назад во Литванија. Само чартер летот ќе изнесува 12.000 евра.

Крвничкиот старт на Гобељиќ може да го погледнете ТУКА.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести