Каземиро не верува во зборовите на Тухел

Реал Мадрид со предност од 3:1 ќе го пречека Челзи во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, а тренерот на лондонскиот тим, Томас Тухел, знае дека актуелниот европски првак има само теоретски шанси за поминување во следната фаза.

„Мали се шансите да направиме пресврт во резултатот кој е од првиот меч, но секако дека нема да се предадеме без борба. Ќе се обидеме да одиграме подобар меч од тој во Лондон. На првиот меч немавме доволно сила и острина. Реал имаше постојана контрола на играта, а тоа беше благодарение на нивниот квалитет. Имаме неверојатно тешка задача и голем предизвик пред нас“, рече тренерот на Челзи, Томас Тухел.

Додека Тухел делува песимистички, но и реално, Бразилецот во редовите на Реал Мадрид, Каземиро, најавува дека Кралевите не смеат да се опуштат.

„Челзи ќе дојде тука за да се бори за да оди понатаму. Тие се голем клуб и сигурно ќе се обидат да ја стигнат негативата. Го почитуваме Челзи, знаеме со каков квалитет располага противникот и ќе треба да се намачиме за да ги елиминираме“, претпазливо коментира Каземиро.

- Оглас -

Најнови вести