Кашима е првиот предизвикувач на Реал Мадрид

Кашима антлерс се пласираше во полуфиналето на Светското клупско првенство во Абу Даби, откако со 3:2 го победи мексиканскиот тим Чивас Гвадалахара.

По првото полувреме, првакот на Северна и Средна Америка водеше со 1:0, но најдобриот азиски тим направи пресврт во второто полувреме. Нагаки, Сержињо и Абе беа стрелци на головите со кои Кашима си обезбеди пресметка со актуелниот европски и светски првак, Реал Мадрид. Во 94 минута, Гвадалахара само го ублажи поразот.

Кашима има тројца Бразилците во својот тим, и нема да биде лесен ривал за Реал во полуфиналето. Јапонците загубија од Реал во 2016 година и сега сонуваат реванш.

Вечерва се игра другото четвртфинале, во кое Ривер плејт ќе дознае дали ќе игра полуфинале против Есперанс од Тунис или домаќинот Ал Аин.

- Оглас -

Најнови вести