Каталонска ракометна перфекција, Барса го смачка Алборг во финалето

Барселона по десетти пат е европски првак во ракомет. Каталонците во денешното финале на Лигата на шампионите во Келн го разбија дански Алборг со 36-23.

Алеиш Гомес со 9 и Томити Нгесан со 6 гола беа најефикасни во победничкиот тим, додека Лука Циндриќ постигна 5 гола, а Перес де Варгас имаше 14 одбрани. Лукас Самдел со 8 гола беше најсветла точка кај Алборг, кој беше најпријатно изненадување сезонава во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести