Катар испиша историја, прв домаќин што загубил на отворање на СП!

Еквадор го победи Катар со 2-0 на првиот натпревар на Светското првенство 2022, и со тоа се испиша историја, бидејќи Катарците станаа прв домаќин кој загубил на отворање на Мундијал.

Јунак на средбата беше Енер Валенсија кој ги даде двата гола, и сега има серија од пет погодоци по ред на светските првенства за Еквадор. Валенсија ги даде последните три гола за Еквадор на СП 2014.

Лошо е што Валенсија се повреди, излезе од игра на 15 минути до крајот, па останува да се види дали ќе може да игра на следните мечеви.

Историја се испиша и со тоа што за првпат гол беше поништен по реакција на ВАР, и за првпат првиот гол на едно Светско првенство беше постигнат од пенал.

 

- Оглас -

Најнови вести