Мистеријата е решена, првиот гол на Еквадор е оправдано поништен!

Голот на Еквадорците кој беше поништен после 2 минути и 38 секунди игра на отворањето на Мундијалот во Катар, сепак бил оправдано поништен.

Може да се забележи дека ногата на играчот од Еквадор, Естрада, кој се бори со голманот за топката, е во недозволена позиција, затоа што тој е најблиску до последниот играч на Катар, а тоа не е голманот, туку друг играч кој ја презема улогата на голман.

Естрада имаше влијание во акцијата, па затоа голот и беше поништен.

- Оглас -

Најнови вести