Катарскиот шеик ја достави последната понуда за купување на Манчестер јунајтед

Шеикот Јасим бин Хамад ал Тани денеска ја достави петтата и последна понуда за купување на Манчестер јунајтед, објави Би-би-си повикувајќи се на извори блиски до катарскиот шеик.

Тој сака актуелните сопственици, американското семејство Глејзер, во брзо време да му одговорат дали ја прифаќаат понудата.

Според Би-би-си, и оваа понуда се однесува за купување на 100 отсто од акциите, за отплата на вкупниот долг на Манчестер јунајтед, како и за формирање специјален фонд за клубот и за локалната заедница.

Според податоците, долгот на Манчестер јунајтед во првиот квартал годинава изнесува 969,9 милиони фунти.

Семејството Глејзер во 2005 година го купи Манчестер јунајтед за 790 милиони фунти, а очекуваат да добијат околу шест милијарди фунти за негова продажба.

- Оглас -

Најнови вести