Катарскиот шеик сè поблиску до купување на Манчестер јунајтед 

Катарскиот шеик Јасим бин Хамад ал Тами остана единствениот заинтересиран кандидат за купување на Манчестер јунајтед, пишуваат англиските медиуми.

Останатите конкуренти, конзорциумот од Саудиска Арабија, како и најбогатиот човек во Обединетото Кралство, сер Џим Ретклиф, наводно се откажале од трката за купување на Црвените ѓаволи. Тие немаат намера да платат 5 милијарди фунти колку што бараат актуелните сопственици на Јунајтед, американското семејство Глејзер.

Ретклиф понудил 3,75 милијарди фунти, но семејството Глејзер ја одбило оваа понуда. Шеикот ал Тани ја понудил истата сума, но наводно порачал дека е подготвен да понуди дополнителни 680 милиони фунти, колку што изнесува долгот на Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести