Конзорциум предводен од шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани, кој е претседател на Катарската исламска банка (КИБ), објави дека доставил официјална понуда за купување на Манчестер јунајтед.
„Шеикот Јасим бин Хамад Ал Тани потврдува дека доставил понуда за преземање на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед (целосно преземање)“, стои во соопштението, без да се наведе понудената сума.
Англиските медиуми шпекулираат дека понудената сума се движи помеѓу 4,5 и 5 милијарди евра.
Актуелните сопственици на Манчестер јунајтед, американското семејство Глејзер, побараа понудите за купување на клубот да бидат поднесени до петок во 23:00 часот по средноевропско време.
Шеикот Јасим бин Хамад Ал Тани, е син на поранешниот емир на Катар, стана навивач на Манчестер Јунајтед во 1992 година кога имал 10 години, најави дека ќе инвестира и во машкиот и женскиот тим на Јунајтед, како и на реновирање стадионот „Олд Трафорд“.

