Катарците имаат малку време и многу пропусти – Контејнерите за навивачите изгледаат ужасно лошо (Фото)

ФИФА е загрижена за капацитетите за сместување што Катарците ги ветија за навивачите на репрезентациите учеснички на Мундијалот во ноември и декември, а контејнерите кои требаше да бидат хит и одличен сместувачки капацитет изгледаат ужасно.

Катар вети дека ќе има релативно евтино сместување во контејнери и во шатори, но и на двете полиња засега не оди како што треба.

До почетокот на Мундијалот има уште околу 60-тина дена, па има време работите да се средат, иако засега не изгледа така.

„Камперскиот комплекс со шатори изгледа луксузно во споредба со контејнерите, иако и таму не е идеално. Контејнерите изгледаат ужасно лошо, дури потсетуваат на некаков логор со заробеници, а има многу недостатоци. И санитарниот чвор е лош, па не се знае дали секоја куќарка ќе има сопствен Тоалет или тој ќе мора да се дели“, пишуваат англиските медиуми.

Двете населби требаше да бидат решение за проблемите со сместувачките капацитети бидејќи хотелското сместување е веќе комплетно резервирано.

Двете навивачки населби за навивачите со шатори и контејнери требаше да понудат релативмо евтина варијанта за сместување во Доха, но засега на два месеци до стартот на Мундијалот, Катарците потфрлија со реализацијата, пишуваат англиските медиуми.

 

- Оглас -

Најнови вести