Катарците објавија до кога ќе игра Нејмар за ПСЖ

Катарците објавија добри вести за симпатизерите на Пари Сен Жермен и наскоро Нејмар ќе го продолжи договорот со Светците од Париз до 2026 година.

Бразилецот моментно е повреден и не играше вчера за ПСЖ против својот поранешен клуб Барселона, но и без него актуелниот европски вицепрвак ги демолираше Шпанците со победа од 4:1 на „Камп ноу“ во првите осминафинални дуели во Лигата на шампионите.

Можно е Нејмар да игра во реваншот на 10 март на „Паркот на принцовите“, а речиси сигурно ќе потпише нов договор со ПСЖ што ќе важи во следните пет години.

Еден од најдобрите играчи во моментов пристигна во Париз во 2017 година токму од Барселона за рекордни 222 милиони евра, сума што сè уште не е надмината на трансфер-пазарот.

Се шпекулираше дека е можно да се врати во Барселона, но сега „Катар спортс инвестментс“ групацијата што го има управувачкиот пакет на акции во ПСЖ ги разреши сите дилеми околу иднината на Нејмар.

 

- Оглас -

Најнови вести